Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шефовите од тимовите во Формула 1 претежно со голем ентузијазам ги претставуваат болидите за новата сезона. Најчесто со гламурозна презентација се фалат за своиет нови достигнувања.
Но, тоа не беше случај при претставувањето на новиот болид „Mercedes AMG“. Црниот F1 W09 со кој Луис Хамилтон ќе се обиде да ја одбрани титулата, на прв поглед изгледа импресивно, но неколку детали го расипуваат впечатокот.
Иако не се сомнева во техничките можности на новиот болид, Волф не е задоволен од визуелниот дизајн, а за тоа се виновни новите правила. Болидите од оваа сезона имаат рол-бар што би требало да ја зголеми сигурноста на возачите.
„Тоа воопшто не ми се допаѓа. Да имам моторна пила би го отстранил тој дел без да размислувам. Јасно е дека мораме да водиме сметка за сигурноста на возачите, но мораме да се гризиме и за визуелната привлечност. Мислам дека сите заедно треба да седнеме и да смислиме некое ново решение, бидејќи ова нема смисла. Драстично ја зголемува тежината на болидот и ја пореметува гравитацијата“, изјави Волф.
Here comes the W09… @MercedesAMGF1 #Unleash2018 #F1 pic.twitter.com/DgIHEoX5Rp
— Formula 1 (@F1) February 22, 2018