Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, пријавил во полиција дека добил вербална закана по живот. Случајот го пријавил во полиција, а дополнително најави дека со писмо упатено директно до премиерот Зоран Заев, ќе се откаже од градоначалничките ингеренции за урбанизам и сето она што е поврзано со урбанизмот во општина Струга.
Преку писмо адресирано до премиерот се откажува од низа надлежности врз општината и бара Владата да почне да раководи со градот Струга. Во писмото вели на ваква постапка се решил оти бил притиснат од бизнис заедницата и туристичките работници од една страна и од друга министерството за транспорт и врски кое заедно со Унеско ги принудувале градежните компании да ги затворат и да се откажат од инвестициите во туризмот и хотелиерството.
„Јас како градоначалник на Општина Струга имајќи ги во предвид и последните политички случувања и политичката состојба во државата одлучив да ви ги отстапам ингеренциите во областа на урбанизамот, во делот на издавање на дозволи за градба, во делот на легализација на објектите во делот на издавање на концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО.- пишува Мерко во писмото.
Работата на струшкиот градоначалник извесен период е тема во јавноста. Прво остро беше критикуван за набавката на ултра модерното возило во период кога општината е со блокирана сметка, екологситте го обвинуваа за уништување на природата околу крајбрежјето преку палење на трските и издавање на дозволи за градба на објекти во заштитен појас, а последно јавно беше критикуван за сечење лента на отворањето на дивградбата кај охридскиот чинар на неговиот сопартиец од Охрид, Усеини.
Мерко ваквите информации во јавноста неколкупати ги коментираше како црна кампања против него и општината. Во писмото дополнува дека токму тоа е причината за ваквата одлука која ќе ја достави до сите инстанци за да почне развојот во Струга.