Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека многу е веројатно 70% од населението да се зарази со коронавирусот кој во моментов се шири низ целиот свет.
Таа додаде дека, со оглед дека во моментот нема лек, фокусот треба да биде на забавување на неговото ширење.
„Кога вирусот е тука, а населението нема имунитет и не постои терапија, тогаш 60 до 70% од населението ќе биде заразено“, рече таа на прес-конференција во Берлин. „Процесот треба да се фокусира да не се преоптовари здравствениот систем така што ќе се забави ширењето на вирусот“.
„Се работи да добиеме време“, рече Меркел, пренесе Ројтерс.