Меркел се пензионира во септември – еве колку пензија ќе зема


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Проценките на Германската асоцијација на даночни обврзници велат дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра откако ќе се повлече од функцијата.

67-годишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември. Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер и канцелар.

Како и сите поранешни германски претседатели и канцелари, така и Меркел ќе има право на своја канцеларија кога ќе ја напушти функцијата. Таа исто така ќе добие средства за менаџер на канцеларија, двајца асистенти, дактилограф и личен возач, јави ДПА.