Меркел: Остануваат длабоките разлики со Ердоган


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по завршувањето на самитот на Г-20 во Хамбург изјави дека остануваат „длабоки разлики“ меѓу неа и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Таа нагласи дека разликите меѓу двете страни околу прашањата за апсењата во Турција и турската воено воздухопловна база Инџирлик и понатаму остануваат.

„Меѓусебните разговори покажаа дека имаме длабоки несогласувања. Но ние не ги ставивме под тепих тие разлики“, нагласи германската канцеларка.

Меркел го истакна и придонесот на Турција на средбата на Г-20.

„Сакам да кажам дека Турција, но и лично Ердоган, земаа активно учество на целата средба. Ги разгледавме напорите кои ги вложува Турција по прашањето за бегалците и миграцијата“, додаде Меркел.