Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германската канцеларка Ангела Меркел не успеа на Самитот за Западен Балкан одржан во Софија, во рамките на Берлинскиот процес, да ги приближи македонските и бугарските ставови за решавање на македонско-бугарскиот спор кој е пречка за утпочнување на преговори за членство на Македонија во Европската унија.
Во своето обраќање премиерот Заев порача дека има обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори и таа шанса треба да се зграпчи.
Бугарскиот премиер Борисов спомна ништо за барањата на Софија околу историјата и јазикот на Македонците, а во изјавата бугарскиот премиер кажа дека има многу симболика во заедничкото претседавање со Берлинскиот процес меѓу Бугарија и Македонија.
Германската канцеларка Ангела Меркел пак им порача на двајцата лидери да продолжат да соработуваат.
Со оглед на информациите за отфрлувањето на нон-пејперот подготвен од Германија за одблокирање на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ од страна на Бугарија, следен датум до кога се очекува евентуално решение за спорот е 17 Ноември кога ќе се одржи состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, на кој треба да се донесе одлуката околу преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија.