Меркел најави повлекување од лидерската позиција во нејзината партија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


64-годишната Ангела Меркел ќе го има последниот мандат како канцеларка на Германија. Таа најави повлекување од лидерската позиција во нејзината христијанско-демократска унија, на која дојде во 2005 година. Во иднина Меркел нема да биде дел ниту од германскиот Бундестаг.

„Време е да почнам ново поглавје. Ова ќе биде мој последен мандат. На следните избори кои треба да се оддржат во 2021 година, не планирам повторно да се кандидирам за канцелар на Германија.“- изјави Меркел.

За време на состанокот кој го имала со своите партиски колеги утрово, таа им најавила дека нема да се кандидира за некаква функција во Европската унија и планира да се повлече од политичкиот живот.

Ваквата одлука на Меркел, која веќе 18 години е на челната позиција на партијата доаѓа по тешкиот пораз кој го доживеа на регионалните избори. Само во покраината Хесен , поддршката за Христијанско-демократска унија опаднала за 10 проценти додерка пак нејзината сестринска партија, Христијанско социјалистичката унија доживеа слични загуби на изборите во Баварија.

А сојузник на канцеларката и министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека е незадоволен од намерата на Меркел да се повлече од функцијата претседател на Христијанско-демократска унија. Одлуката ја оцени како срамотна додавајќи притоа дека и покрај несогласувањата, нивниот однос е обележан со „меѓусебно почитување“.

Меркел, која е прва жена канцелар на Германија, меѓу жителите на државата имаше имиџ на сочуствителен и прагматичен лидер. Сепак, нејзината политика на отворени врати остро беше осудена од јавноста а помогна и во растот на неколку екстремно десничарски партии меѓу кои и Алтернативата за Германија.

Меѓу најсериозните кандидати кои би можеле да ја заменат на функцијата се министерот за здравство, Јенс Шпан, преиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет како и Анегрет Крамп, која е генерален секретар на партијата.

По објавената дека Меркел се повлекува од политичкиот живот забележан е пад на вредноста на еврото на берзите. Таа се наоѓа на чело на Христијанско-демократска унија од 2000 година. Во 2005 година, Меркел стана и канцелар на Германија.