Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако нејзиниот политички рејтинг повторно почна да расте за време на пандемијата на коронавирусот во Германија и светот, германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш јасно ја отфрли можноста за петти мандат на чело на владата. Меркел се задржа на власт во Германија цели 14 години на власт.
Прашана дали размислува да се кандидира за канцеларка уште еднаш поради актуелната криза со коронавирусот, за чие раководење добива пофалби во земјата, Меркел одговори: „Не. Навистина не“.
Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер неодамна ги разгоре шпекулациите за можен петти мандат на Меркел. Во изјава за весникот Билд тој рече дека се почесто ја слуша таа опција во коридорите на моќта, поради нејзиното лидерство за време на кризата.
Германија има релативно низок број на жртви од Ковид-19 во споредба со некои други европски земји, што се должи на брзото и распространето тестирање и третмани, како и подготвеноста на јавноста да ги следи и почитува советите.
Сега 65-годишната канцеларка ја презема функцијата во ноември 2005. Кога во октомври 2018 година најави дека тоа ќе биде нејзиниот последен мандат на чело на владата, многумина сметаа дека нејзината кариера полека завршува. Најголемите критики ги доби за време на бегалската криза во 2015 година кога дозволи влез на повеќе од еден милион бегалци во земјата.
Следните парламентарни избори во Германија треба да се одржат есента 2021 година. Засега, партијата на Меркел нема избрано нејзин наследник.