Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сè уште актуелниот претседател на СДСМ и македонски премиер, Зоран Заев, вчера пред сопартијците истакнал дека одложувањето на неговите оставки од лидерската и премиерската функција не значи дека ќе се предомисли од намерата дефинитивно да се повлече и од владата и од партијата.
Како што велат за Фокус високи партиски извори, тој посочил дека останува за да не дозволи дестабилизација на парламентарното мнозинство и владата, во пресрет на сериозните предизвици со кои се соочува државата, пред се на надворешно-политички план.
Според нив, Заев истакнал дека многу влијателни меѓународни водачи го контактирале за да го уверат да не се повлекува, вклучително и долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.
Тие, според висок функционер на СДСМ, го уверувале партискиот лидер и премиер дека постојат големи шанси земјата во декември конечно да почне преговори со ЕУ, иако експертите, опозицијата па и дел од власта се спектични за таков исход.
Без оглед на епилогот, Заев планира повлекување од премиерската функција на крајот на оваа или на почетокот на следната година, додека, истакнуваат од СДСМ, на следниот Централен одбор треба да се распише постапка за избор на нов претседател.