Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е отворена за идејата за употреба на руската вакцина против коронавирусот во Европа, по објавувањето на позитивните научни резултати за ефикасноста на вакцината Спутник V.
„Секоја вакцина која ќе ја одобри Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе биде апсолутно добредојдена и за тоа разговарав со рускиот претседател Владимир Путин“, кажа канцеларката за германската телевизија АРД.
Руската вакцина, која досега предизвикуваше контроверзи, е ефикасна 91,6 отсто во борбата против коронавирусот, пренесе денес медицинскиот магазин Лансет, повикувајќи се на независни експерти.
„Тоа значи дека уште една вакцина може сега да се придружи на борбата против коронавирусот“, се додава во магазинот.
Германската канцеларка ја спомна и кинеската вакцина која сè уште не е одобрена во Европа и додаде дека земја „како што е Србија побрзо се вакцинира“ од остатокот од Европа и тоа со кинеска вакцина.
Европската Унија е на мета на критики поради спороста во дистрибуцијата на вакцините против коронавирусот.