Мерката поврат на ДДВ за сите граѓани на сила од 2020 година


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Враќањето на ДДВ за сите граѓани целосно ќе профункционира дури од 2020-та година, вели премиерот.

Иако ова беше еден од најголемите проекти на СДСМ во предизборната кампања, премиерот вели дека проектот е подготвен но, нема законска подлога за да се спроведе. Тој најави дека од средината на идната година системот ќе стартува, но само за најзагрозените категории граѓани.

“Експериментот ќе се однесува на сите граѓани кои се приматели на социјална помош, на сите граѓани кои имаат само еден вработен во семејството, за да можеме навистина, ем државата внимателно да ја поставиме при самиот процес, ем да дадеме шанса во овие 6 месеци за најсиромашните граѓани во државата”, изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

Опозицијата обвинува дека ниеден од најавените владини проекти не се базира на сериозни анализи. Наместо повеќе пари за граѓаните, како што се ветуваше, се најавува покачување на давачките.

“Вие сега кажувате дека не бил добар Уставот, дека не биле добри законите, дека имало даночна евазија, дека имало рурални и урбани средини… Па добро, не го знаевте ова пред да станете премиер? Сте биле пратеник, сте биле градоначалник, сте извршувале општествено важни функции… Сега, после две и пол години, никакви изговори не се оправдување за немањето капацитет на Владата истиот да го реализира”, изјави Антонио Милошески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според првичните ветувања, поврат на ДДВ требаше да се воведе во 2018 година. Потоа беше најевно дека ќе стартува догодина во неколку општини, сега прокетот се одлага за две години. Мерката предвидува враќање на 15% од платениот ДДВ до 30.000 денари на годишно ниво.