Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со овие фотографии се докажува дека Мерилин Монро, сепак, била првата американска актерка која гола се соблека на филм, иако таа сцена била исфрлена од филмското остварување. Станува збор за првата гола сцена на Мерлин Монро во филмот The Misfits, кој го смислил нејзиниот тогашен сопруг, американскиот книжевник и писател, Артур Милер.
Иако таа сцена била исфрлена, сега протекоа фотографиите кои докажуваат дека Мерилин била првата американска актерка која се соблекла гола во филм. Се мислело дека снимката е уништена, но, всушност, била чувана во тајна преграда.
Кога Мерилин го снимала филмот The Misfits со Кларк Гејбл, снимила разголена сцена која била исфрлена од филмот снимен во 1961 година. Долго се мислело дека снимката е уништена, но, авторот на биографиајата на Монро открил дека е сочувана.
Кога писателот Чарлс Касиљо го спроведувал истражувањето за својата книга „Мерiлин Монро: Приватниот живот на јавната икона“ (Marilyn Monroe: The Private Life of a Public Icon), открил дека продуцентот на филмот Френк Тејлор ја сочувал таа снимка, иако повеќето неискористени снимки се уништени. Синот на Тејлор, Кeртис, му рекол на Касиљо дека снимката на разголените сцени била чувана во заклучената фиока се до смртта на неговиот татко во 1999 година.
Во љубовната сцена помеѓу најславната русокоса на сите времиња и Кларк Гејбл, Мерлин седела на креветот со гол грб и задник, свртена кон камерата. Била сосема гола, а напред била покриена со чаршав.
Интересно е тоа дека сценариото за тој филм го напишал токму нејзиниот тогашен сопруг Артур Милер. Но, режисерот Џон Хјустон одлучил да ја исфрли таа сцена, сметајќи дека не е важна за дејствието на филмот.
Доколку нештата не се одвивале така, Мерiлин би била првата американска актерка која се соблекла на филм.
Снимката сега е во сопственост на синот на продуцентот, но не е познато што тој со неа ќе направи, пишува „Дејли мејл“. Фотографиите од снимањето ќе бидат сврстени во биографијата на Мерiлин.