Mercedes однесе болид во домот на „духовниот ангел“ од Луис Хамилтон – дете болно од рак


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со помош на авионски транспорт пренесе еден од своите болиди од Формула 1 во домот на 5-годишно дете болно од рак кое било инспирација за победата на Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Шпанија.

Во очи трката во Барселона која се возеше минатиот викенд, Хари Шо му испрати на британскиот Ф1 пилот Луис Хамилтон среќа преку порака која му ја прати од болницата каде што бил сместен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harry Shaw (@harryspledge5) on

Веднаш после победата, Хари испрати и порака со честитки до Хамилтон. Возачот ја сподели пораката од малиот Шо, кој во меѓувреме бил вратен во неговиот дом, и му возврати со порака во која го нарече детето негов „духовен ангел“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton) on

Од тимот на Mercedes решија да го почестат малиот обожавател на Луис и Формула 1 со средба со еден од нивните вистински болиди кој го транспортираа до домот на Хари во Редхил, Сари.

Шарлот Шо, мајката на Хари, за ВВС изјави: „Донесоа насмевки и ведрина во неговиот живот во време кога тој е ограничен во можноста за забава и игра“. Таа додаде дека Хари почнал почесто да се смее откако добил некои пригодни подароци од Mercedes како капчиња и фотографии потпишани од Хамилтон.

Семејството Шо собира пари за испитувања на Ewing’s sarcoma, вид на канцер од кој страда малиот Хари. Досега имаат собрано 15.000 фунти.