Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите оние кои се пасионирани патувачи и авантуристи сигурно до прва ќе го засакаат најновиот „кампер“ од производствените погони на Mercedes.
Вештачката интелигенција овозможува да ги контролираме уредите во нашиот дом по телефон, а сè повеќе автомобили ги даваат овие придобивки.
Mercedes Benz претстави камперски модел наречен „Marco Polo“, кој може да се поврзе со мобилниот телефон на сопственикот. Во овој случај нема да може да се користи стандардниот интерфејс за контрола на возилото, кој е компатибилен со поновите модели или со апликацијата „ Mercedes Me“ што ги бележи сите важни податоци за возилото. Исто така, ќе може да се издаваат говорни команди, овозможени со напредниот MBUX систем. Командите може да се користат и кога сте далеку од градскиот метеж и вашиот дом.
Мобилниот телефон го контролира подигнувањето и спуштањето на мобилниот покрив на камперот. Компјутерскиот систем MBAC ја достигнува посакуваната температура на воздухот преку екранот на возилото или преку апликација. На ист начин се регулираат и внатрешното осветлување, звучниот систем и отворањето на подвижниот покрив. Преку апликацијата, секогаш може да се провери статусот на резервната батерија, залихите на свежа или количината на отпадна вода во возилото, пишува Automobile.
Сопствениците на овој кампер ќе можат да го стартуваат моторот со далечински управувач. Мобилниот телефон го известува сопственикот и за потенцијален дефект. Исто така, апликацијата помага и при изберот на најдобрата рута. За време на кампувањето, компјутерот препознава присуство на штетници и диви животни кои му се приближуваат на возилото.
Апликацијата им дава информации во секое време на сопствениците за нивото на горивото во резервоарот и притисокот во гумите.
Камперот може да прими најмногу пет лица. Цената на возилото сè уште не е објавена, но познато е дека спортската верзија со компјутер MBAC ќе биде достапна во Европа оваа пролет.