Авто мото

Mercedes AMG GT – најнов крик на атомобилската технологија

Купе верзијата со 4 врати на фантастичниот Mercedes-AMG GT беше претставенa на 2018 Geneva Motor Show, една година по претставувањето на концептот за ова чудо на германската автомобилска индустрија.

Проширувајќи ја AMG GT фамилијата на 3 модели (покрај Coupe и Roadster варијантите со 2 врати), ова е прв нивни спортски автомобил со 4 врати кој се појавува во продажба.

За разлика од моделите со 2 врати, Mercedes-AMG го лансираат овој модел со v8 турбо, но и со 6-цилиндричен бензински мотор.

V8 е истиот 4.0 литарски twin-turbo мотор кој го има во разните MAG модели, кој во S изданието има моќност од 638 коњски сили и 900Nm вртежен момент, што е доволно на 2-тонското купе да му овозможи забрзување од 0-100км/ч за 3.2 секунди и максимална брзина од 315км/ч.

„Обичната“ (не-S) верзија ќе има 585 коњски сили, 800Nm вртежен момент, забрзување од 0-100км/ч за 3.4 секунди и максимална брзина од 310 км/ч.

И двете варијанти доаѓаат со 9-брзински автоматски менувач и постојан погон на сите тркала, со потрошувачка од 10km/l и CO2 емисии од 256g/km.

Основен модел со послаби карактеристики кој треба да пристигне подоцна ќе има 6-цилиндричен мотор превземен од S-Class лимузината, со моќност од 435 коњски сили.

Ентериерот е подобрен во споредба со останатите AMG GT модели и вклучува 12.3 инчен infotainment систем и инструмент панел, како и LED позадинско светло и индивидуални отвори за вентилација превземени од најлуксузните модели.

Цените ќе бидат откриени кога автомобилот ќе почне да се продава во септември, а првите модели ќе пристигнат кај дилерите на почетокот на 2019.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top