Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Mercedes ги претстави моделите од најновата верзија на неговата AMG E-Class, пред нивното официјално деби на Los Angeles Motor Show наредниот месец.
Моделите E63 и E63 S ќе имаат помал 4.0 литарски twin-turbo V8 мотор (во споредба со 5.5 литарскиот кој го имаат сегашните), а како стандардна опција ќе доаѓа и 4MATIC погонот на сите тркала.
Иако со помал капацитет, најновиот мотор на Mercedes-AMG (кој дебитираше во AMG GT спортскиот модел) всушност нуди подобри перформанси и моќност. Новиот E63 ќе има 570 коњски сили (што е за 14 повеќе од сегашниот), додека помоќниот E63 S ќе има 612 коњски сили, за 30 повеќе од сегашниот.
Моторите ќе нудат вртежен момент од 750Nm и 850Nm, a ќе доаѓаат исклучиво со 9-брзински dual-clutch автоматскиот менувач на Mercedes.
Погонот на сите тркала ќе помага и за акцелерацијата: E63 од 0-100км/ч ќе забрзува за 3.5 секунди, додека E63 S тоа ќе го прави за една десетина побргу, и ќе може да постигне максимална брзина од 300км/ч.
Дизајнот на екстериерот е по агресивен во споредба со оној на сегашните модели, додека внатрешноста е разубавена со елементи од carbon fibre и со амбиентално сино-виолетово светло.
Двата модела ќе почнат да се продаваат од средината на јануари 2017-та, а првите испораки се очекуваат во јуни. Цената на E63 моделот ќе стартува од 84 000 евра, додека на E63 S од 93 000.