Мерачи меѓу убавици: Нејмар во карневалско расположение во Рио


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повреденото стапало го оддалечи фудбалскиот ас Нејмар од терените. Со солзи во очите тој мораше да го напушти мечот од Купот на Франција поради здобиената повреда.

Но, тоа не значи дека славниот фудбалер не може да се препушти на забава и хедонистички уживања. А каде во најдобро издание може да го прави тоа овој период, ако не во Рио де Жанеиро, каде во моментов градот ечи од карневалското лудило.

Отсуството од зелениот терен Нејмар го искористи за посета на родниот Бразил каде во убаво друштво го лекува повреденото стапало.

Според фотките може да се заклучи дека на Нејмар баш му годи оваа „рехабилитација“ на карневалот во Рио де Жанеиро.