Менувањето на Уставот влегува во втората фаза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандмани на Уставот, што ќе трае во следните 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за 1 декември.

Со утврдувањето на нацрт амандманите започнува втората фаза од постапката за уставни измени. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас, за разлика од последната фаза за усвојување на амандманите, за што повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија, согласно преспанскиот договор. Вториот амандман е во однос на преамбулата на Уставот, каде одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор, со цел да стане конститутивен елемент на државата. Во третиот амандман се додава дека земјата го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Со четвртиот амандман се укажува на тоа дека државата ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.