Менито стана хит на социјалните мрежи: Еве што ќе се јаде на свадбата од Меси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот Лионел Меси ќе се венча со долгогодишната партнерка Антолена Рокусо в петок во Росарија, нивниот роден град во Аргентина.

Аргентинските медиуми дојдоа до менито кој познатиот фудбалер и неговата вереница ги избрале.

Од ладни предјадења, гостите ќе можат да избираат меѓу разни видови шунки и сирења, додека главното јадење исто така, ќе биде од месо – аргентински стек, зачинети колбаси и пилешко на ориз. За оние кои не се љубители на месото обезбедено е суши.

Комплексот каде што е организирано случувањето ќе го чуваат 200 агенти. Голем екран ќе биде поставен над комплексот каде заинтересираните фанови ќе можат да следат што се случува на самата венчавка.

На венчавката се очекуваат голем број ѕвезди, како и цела екипа на фудбалскиот клуб Барселона. Се шпекулира дека на прославата ќе се појави и легендарниот Марадона.