Менче Точи од новинарските води се префрла во Фонд за здравство – ќе раководи со секторот за односи со јавност


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Искусната македонска новинарка Менче Точи, која долги години го покриваше секторот здравство, заминува од новинарството и се префрла во државната администрација.

Таа е именувана за раководител на одделот за комуникации на Фондот за за здравствено осигурување.

Со пост на Фејсбук Менче Точи ја објави веста за јавноста:

„По многу години поминати во новинарството, по многу труд, непроспиени ноќи, работење и за празник и делник, безброј истражувања, добиени највисоки награди, вклучувајќи ја и таа за Животно дело, можеби е време моето знаење и искуство да го насочам на друго место каде ќе бидам од помош, кон институција која е клучна за осигурениците и лекарите- Фонд за здравствено осигурување. Конкурирав регуларно, на оглас кој беше објавен во три дневни весници, ги поминав сите тестови и писмени и усни што беа за раководно лице и треба да раководам со секторот за односи со јавност. Немаше друг пријавен за ова раководно место, односно немаше противкандидат за да ги одмериме силите и бодовите во Агенцијата, кои кај мене како што се гледа и не се малку“, напиша таа.