Менаџерка го брани Роналдо: Тие жени сакаат да бидат силувани!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристиано Роналдо овие денови е во центарот на вниманието поради обвинувањата за силување.

Најпрво тоа го направи Амерканката Мајорга, а потоа се јавија уште три жени кои тврдат дека биле силувани од големата фудбалска ѕвезда.

Сега во одбрана на Кристиано Роналдо застана атрактивната менаџерка од Романија, Анамариа Продан која тврди дека „тие жени самите сакале да бидат силувани“.

„Знаете ли како оди со тие жени? Сакаат да бидат силувани и по 20 години сфаќаат дека им се допаднало“, изјави 45-годишната Продан.

Оваа Романка е сопственичка на ФИФА менаџерска лиценца. Соработува со многу клубови, а во нејзина сопствеништво е агенцијата Прода Менаџмент.