Мелнија VS. Брижит – моден дуел на двете први дами


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На средбата помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и францускиот прв човек Емануел Макрон, која се одржа во Белата куќа, медиумското внимание повеќе беше свртено кон нивните први дами, елегантната Меланија Трамп и ништо помалку достоинствената Брижит Макрон.

Двете дами имаа моден „дуел“ за време на нивната средба во Белата куќа, и двете облечени во бели стилски комбинации потпишани од различни дизајнери.

47-годишната Меланија, со широка шапка на главата, доминираше покрај пониската Брижит, но разликата во висината не значеше по секоја цена и стилска доминација. Во поглед на модниот избор, госпоѓа Макрон на свој начин остави печат на оваа средба. Сепак, елегантната Меланија некако повеќе ја исполнуваше сцената со својата појава, па многумина ја прогласија за своевиден победник на овој моден дуел.