Меланија со стил: Светски им се одмазди на дизајнерите кои тврдеа дека никогаш нема да ја облекуваат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако Трамп победи на изборите за претседател на САД, бројни ценети дизајнери одбија да прават облека за новата прва дама на САД, Меланија Трамп. Меѓу оние кои се заколнаа дека никогаш нема да дадат своја дизајнирана облека за Меланија беа Том Форд, Марк Џејкобс, Зак Позен и Кристијан Сирано. Многумина ја жалеа Меланија, други ликуваа, но Словенката докажа дека тој „бунт“ на дизајнерите воопшто не ја допира.

Во текот на турнејата низ Саудиска Арабија, Ватикан и Сицилија, многу внимателно бираше што носи, а тоа главно беа креации од италијанскиот тандем Долче и Габана, а најмногу внимание предизвика сакото со цветни апликации за чија цена од 51.500 долари со денови се зборуваше.

Стилистот Филип Блок бојкотот на познатите дизајнери го нарече чисто глумење.

„Луѓето од модата се фејк. Сега почнуваат да сфаќаат дека таа е прекрасна жена која е омажена за претседателот и чест е да ја облекуваат“, вели Блок за The Washington Post.

Она што е најинтересно во целата приказна е фактот дека Меланија службено нема стилист и главно сама ги бира креациите и модните комбинации во кои ќе се појави на официјалните настани. Модните експерти велат дека Америка од времето на Џеки Кенеди немала така добро облечена прва дама, а сè она кое ќе го облече бившата манекенка, автоматски повлекува низа последици со себе.