Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп и прва дама на САД, Меланија Трамп, со видео објавено на Твитер се пофали со нејзината декорација на ентериерот на Белата куќа за претстојните божиќни и новогодишни празници.
За овогодинешното украсување на Белата куќа таа се реши за патриотска тема и сакаше да му покаже на светот како изгледа „Духот на Америка“.
Според нејзината декоративна замисла, американскиот дух во божикно руво го доловуваат бели украси со мотив на sвезди и линии, претставени на американското знаме. Просторот е украсен и со преголем адвентски календар во мотив на Белата куќа, бели цвеќиња и вештачки снег.
“The Spirit of America” is shining in the @WhiteHouse! I am delighted to share this beautiful exhibit of patriotism for all to see, and excited for everyone to experience the beauty of the #Christmas season! pic.twitter.com/qGxxl9qBrd
— Melania Trump (@FLOTUS) 2. Dezember 2019
Уште во јули госпоѓа Трамп откри на „Твитер“ дека започнала со плановите за божикно украсување на Белата куќа, а минатата недела ја дочека големата елка од Пенсилванија, која зазема централна позиција во Сината соба.
Првата дама не беше сама во украсувањето на куќата, туку ѝ помогнаа низа волонтери чии фотографии со задоволство ги објави на својот официјален профил на Инстаграм.
„Духот на Америка блеска во Белата куќа! Задоволна сум што можам да го споделам овој прекрасна експонат на патриотизам за сите да го видат и воодушевена сум што секој ќе може да ја доживее убавината на Божик“, напиша Меланија на Твитер.