Меланија растура со заводливост и во опуштено модно издание


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако на почетокот од мандатот на својот сопруг имаше проблем да си најде познат дизајнер кој ќе се грижи за нејзиниот моден стил, Меланија Трамп и без тоа повторно ја носи титулата на една од најдобро облечените први дами на светот. А тоа го докажа и пред неколку дена, при враќањето од Камп Дејвид во Белата куќа.

Од претседателскиот хеликоптер таа излезе во своето досега најопуштено издание, облечена во маслинести “skinny” фамерки, класична бела кошула и едноставни сандали на висока потпетица. Никогаш поедноставна, но и никогаш позгодна, Меланија ги воодушеви своите фанови со ваквиот модел стил.

Само еден ден подоцна таа се сретна со претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела и неговата сопруга Лорена, а за таа прилика облече нежно син фустан од брендот Мајкл Корс, кој го искомбинира со цветни Лобутин салонки.