Меланија на чај кај Мишел Обама – средба на двете први дами на САД


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Додека сите очи беа вперени во средбата што се одржуваше помеѓу Барак Обама и идниот претседател на САД, Доналд Трамп во Овалната канцеларија во четвртокот, неколку врати подолу се одржа средба помеѓу првата дама Мишел Обама и Меланија Трамп.

Прата дама ја пречека следната прва дама со чај и тура низ Белата Куќа, изјавија на брифингот од Белата Куќа. На фотографијата што ја објавија оттаму, двете дами седат во златни столици и разговараат во Жолтата овална соба.

Двете мајки разговарале за тоа како изгледа растењето на децата во Белата Куќа. Синот на Меланија Трамп, Барон, има 10 години и ќе биде првиот син што ќе расте во Белата Куќа по Џон Ф. Кенеди Јуниор. Постарата ќерка на Мишел Обама, Малија, имаше 10 години кога Обама беше избран за претседател во 2008 г. а помалата, Саша, имаше 7.