Меланија конечно се всели во Белата куќа, со неа дојдоа и родителите Амалија и Виктор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во неделата вечерта Белата куќа доби двајца нови станари: Првата дама на САД, Меланија Трамп, и нејзиниот син Барон најпосле му се придружија на Доналд Трамп, а како придружба стигнаа и родителите од бившата словенска манекенка, Виктор и Амалија.

Шест месеци откако Трамп ја презеде должноста претседател на САД, Меланија и 11-годишниот син Барон се вселија на Авенијата Пенсилванија 1600, изјави соработник на Првата дама. Американскиот претседател Трамп во среда полни 71 година.

Меланија веднаш објави фотка од Белата куќа на својот Твитер профил.

„Се радувам на спомените кои ќе ги создадеме во нашиот нов дом“, пиша под фотографијата.

Меланија и Барон останаа да живеат во Њујорк после вселувањето на Трамп во претседателската палата, за Барон да ја заврши својата школска година. Малиот ќе го продолжи школувањето во приватното училиште St. Andrews Episcopal School во американската престолнина.

Меланија и Барон во Вашингтон стигнаа со авион Air Force One, придружувани од Доланд Трамп, а друштво им правеа и родителите на Меланија, Виктор и Амалија Кнавс, кои живеат во САД, но секоја година одат во посета на Словенија. Се очекува дека тие почесто ќе бидат гледани во Белата куќа, бидејќи се активни учесници во одгледувањето и воспитувањето на Барон, пишува Daily Mail.

Тие живеат во апартман на врвот од кулата Trump во Њујорк, а многу викенди во годината поминуваат во Мар-а-лаг на Флорида и во голферскиот клуб од Трамп во Бедминстер, Њу Џерси.