Меланија има необична навика: „Не сум видела друга жена постојано да го прави тоа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секој потег на Доналд и Меланија Трамп е под лупата на јавноста, па затоа меѓу Американците се рашири верувањето дека првата дама на САД по секоја цена избегнува допири со својот сопруг.

Освен нејзините обиди да се оттргне секој пат кога тој ќе посегне по нејзината рака, екипата на социјалните мрежи забележа уште една навика на најпознатата Словенка на светот.

Погледнете ги фотографиите подолу. Баш на секоја од нив Меланија носи капут, но ниту еднаш ги нема облечено и ракавите. Наместо тоа, секогаш само го наметнува капутот врз себе, па дури и торбата ја носи под капутот.

Оваа нејзина навика беше инспирација да се развијат разни теории зошто го прави тоа.

„Сфатив дека Меланија го носи капутите наметнати за да не може Доналд да ја фати за рака“, напиша една девојка која во тоа верување не е сама.

„Очигледно сака да ја носи торбата во раката која е поблиску до Трамп. Кога ќе добие букет ружи во текот на некоја посета, секогаш ги носи во раката која му е поблиску на Трамп“, забележа еден друг коментатор.

„Секогаш сум се прашувала зошто Меланија ги носи капутите на така глупав начин. Никогаш не сум видела ниту една друга жена постојано да го прави тоа. Сега знам зошто! Не сака тој да ја држи за рака. Носењето на капутот наметнат е можеби незгодно, но замислете што е алтернативата“, додаде една друга жена.