Меланија и Доналд Трамп не сте ги виделе во вакво издание (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судејќи според сите објавени и достапни заеднички фотографии и видеоснимки од претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија, лесно се донесува заклучок дека таа не го есапи многу својот сопруг пред јавноста и објективите.

Дали тоа значи дека односите меѓу нив се сериозно разнишани, особено после испливување на површина на наводната секс афера на Доналд со порно актерката Сторми Даниелс, засега остана во рамки на шпекулациите и нагаѓањата.

Но, видеото кое ви го пренесуваме подолу ги прикажува Доналд и Меланија во вљубено издание во какво одамна не сме ги виделе. Особено не откако тој стана претседател. Дали станува збор за поправени меѓусебни односи и стабилизирање на бракот, повторно, останува во доменот на претпоставките.