Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившата дадилка на некогашната „спајсица“ Мелани Б, Лорејн Жилс, ги тужи пејачката и нејзиниот сопруг наведувајќи дека ја принудувале на групен секс во тројка и ги снимале тие жешки заеднички моменти, како и дека ја опивале за да ја наведат да прави што им е нив по ќеф.
Во тужбата се наведува дека Жилс почнала да работи за Мел Б кога имала 18 години. Била странска студентка на размена. Започнала врска со Мел б која траела седум години. Тврди дека таа и Мел имале посебна врска од онаа која Мел ја имала со сопругот. Истата ја држеле во тајност, а понекогаш Жилс ја принудувала да учествува во секс во тројка со нејзиниот сопруг. Наводно ја принудувала и на снимање на тие секс моменти.
Мел Б се обидела во документите да ја оцрни неа нарекувајќи ја „курва“ која емотивно и финансиски ги искористува луѓето, што Жилс го негирала како и наводите дека затруднела од сопругот на Мел, Белафонте, и дека била принудена да абортира. Истакна дека забременила од маж кого го запознала во бар и со кој била само една ноќ. Мел многу ја поддржала во тоа и дала пари однапред за да направи абортус и да се одмори во хотел.
Мел и Белафонте ја запознале во бар во Холивуд во 2009 година, каде првин ја прашале од каде доаѓа поради акцентот. Потоа ја повикале во нивниот дом, ја напиле и имале групен секс.
Мел тврди дека Белафонте ја вработил Жилс за да има секс со неа, а тоа Жилс го негира велејќи дека работата ја понудиле двајцата и дека Мел Б ѝ понудила помош ангажирајќи свои адвокати за да добие американска виза и да се пресели од Германија во Калифорнија.
Во текот на нејзината работа како дадилка, имала редовен секс со Мел и станале доста приврзани. Мел Б проговори за некои детали дури откако неодамна ги поднесе документите за развод од Белафонте. Жилс ја тужи и за тоа што наводно непотребно наведувала детали од нејзиниот приватен живот. Покрај тужбата се предадени и десетина фотографии од двете жени.
Приложени се и голем број мејлови, меѓу кои и оној во кој Мел Б ја остава Жилс: „Оди живеј си го својот живот и уживај, те молам остави ме на мира да живеам со своето семејство. Нема потреба да ми одговараш мене или на Стивен. Мел“.
Жилс бара обештетување за понижување, ментални проблеми, како и емотивен и физички стрес кој Мел Б ѝ го нанела со екстремното и нечуено однесување.