Мексико го враќа ударот: Царини за американскиот челик, виски и други производи од САД


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мексико го возврати економскиот удар кон САД воведувајќи царини на американскиот челик и низа земјоделски производи, од свинско месо до виски, што особено ќе ги погоди сојузните држави каде на власт се републиканците.

Мексико воведува царини од 25 отсто на американските производи од челик, 20 отсто на низа производи од свинско како и јаболка и компир, а од 20 до 25 отсто царини на разни видови сирење и виски.

Истовремено, ги укинува царините на одредена квота увоз на свинско од други земји.

Мексиканското министерство за економија во службен весник ја објави листата на американските производи на кои ќе се плаќа повисока царина.

Владата на Мексико најави минатата недела противмерки на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на увозот на челик и алуминиум и реши да возврати со царини на оние производи од американските сојузни држави каде власта ја држат републиканците.

Во САД во ноември ќе се одржат избори, а една од поранливите држави е Ајова, која во Мексико извезува големи количества свинско месо и чиј гувернер е републиканецот Род Блум.

Мексико со воведените контрамерки сака да ѝ наштети на Републиканската партија на американскиот претседател Доналд Трамп. тој во март воведе царини на увозот на челик од 25 отсто и 10 отсто на увозот на алуминиум, наведувајќи ја националната безбедност како причина.

ЕУ, Мексико и Канада во првичната фаза беа изземени од царините кои стапија на сила во март. Минатиот четврток Вашингтон најави укинување на изземањето и новите царини стапија на сила на 1 јуни.

Одлуката предизвика бран критки во погодените земји, но и меѓу истакнати членови на Републиканската партија.

Трамп заговара склучува посебни трговски договори, а со царините се обидува да ја заштити американската индустрија и работниците од она што го нарекува „нелојална меѓународна конкуренција“, што е една од клучните точни на неговата политика „Америка на прво место“.