Мексиканциве не се нормални: Пакет со четири човечки черепи откриен на аеродромот Керетаро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Човечки останки, четири черепи завиткани во алуминиумска фолија, беа откриени на од страна на надлежните служби на мексиканскиот аеродром Керетаро.

Пакетот требало да биде доставен со курир на адреса во Јужна Каролина во Соединетите Американски Држави, соопштија локалните власти, пренесува лондонски Гардијан.

Пакетот бил испратен од западната крајбрежна држава Мичоакан – еден од најнасилните делови на Мексико – и бил наменет за примачот на адреса во Менинг, Јужна Каролина, се вели во соопштението.

Националната гарда не соопшти повеќе детали за возраста, идентитетот на жртвите или можниот мотив за испраќање на човечките останки.