Мекмастер: Потенцијалот за војна со Северна Кореја расте секој ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Харолд Мекмастер изјави дека Северна Кореја претставува најголема моментална закана за САД и како што рече, потенцијалот за војна со комунистичката земја, расте секој ден. На прашањето, дали шансите за војна се зголемиле доколку Северна Кореја во вторник испали интерконтинентална балистичка ракета, Мекмастер порача:

„Мислам дека шансите за војна растат секој ден, што значи дека се наоѓаме во трка, за решавање на овој проблем“ рече Мекмастер за време на неговото обраќање на Националниот форум за одбрана „Реган“ во Калифорнија.

Како што потенцираше советникот, Претседателот Доналд Трамп останува посветен на целосна денуклеаризација на корејскиот полуостров, додавајќи дека таму нема воени начини за справување со овој проблем, освен да се повика Кина да воспостави поголеми економски санкции кон Пјонгјанг. Мекмастер нотираше дека Пекинг е огромна принудна економска моќ над Северна Кореја.

„Ние бараме од Кина да не ни прави нам или на некој друг услуга, туку да дејствува во свој интерес, како што треба и ние се повеќе веруваме дека во интерес на Кина е да стори повеќе“ рече Мекмастер.

Според него, Кина треба да преземе унилатерална акција и да го прекине извозот на нафта во Северна Кореја, додавајќи дека Пјонгјанг не може да лансира ракета без нафта. Мекмастер и Трамп веруваат дека 100 % ембарго на нафтата, би било соодветно за решавање на ова прашање.