МекГрегор повторно прави глупости: Нападна постар човек во паб (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера на интернет беше објавено видео на кое се гледа како славниот „фајтер“ Конор Мекрегор удира постар човек во глава со бокс. Причината за нападот кој се случил во еден паб во Дабилн била тоа што човекот одбил да се напие од вискито на Ирецот со кое тој сакал да ги почести присутните.

Конор Мекгрегор повторно е актуелен поради глупостите кои ги прави надвор од октагонот, вечерва се појави видео снимка на која Ирецот удира постар човек.

Како што пишуваат медиумите, инцидентот се случил во април месец во еден паб во Даблин. Конор Мекгрегор сакал да почасти тура од неговото виски Пропер Твелв, но проблемите почнале кога еден човек ја одбил понудата.

Од видеото се гледа како Конор става чаша пред човекот, и тоа не еднаш, дури два пати, но одговорот останува негативен. Мекгрегор по добиеното НЕ решева да му одржи лекција, па замавна со левата рака и му удри бокс во глава.