МекДоналдс напаѓа: Ќе отвора 2.500 нови ресторани во Кина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американскиот синџир за брза храна МекДоналдс планира да го зголеми бројот на своите ресторани во Кина. Во моментов брендот има над 2500 објекти, а до 2022 година планира да ги направи 4500.

Целта на синџирот е да има двоцифрен раст на продажбата во Кина секоја година.

МекДоналдс склучи договор за стратешко партнерство со Citic на крајот на јули, давајќи на кинеската компанија контролен удел над објектите во континентална Кина и Хонг Конг.