Меј и конзервативците го губат мнозинството во британскиот парламент


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ројтерс, ББЦ и Скај њус, врз база на нецелосните резултати од вчерашните парламентарни избори, предвидуваат дека Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј ќе го загуби мнозинството во парламентот.

Губењето на мнозинството од 330 места, како и фактот дека ниедна друга партија нема доволно гласови за да владее, најверојатно ја втурнуваат Велика Британија во период на криза со „висечки“ парламент и фрла сомнеж врз напорите на Меј да преговара за британското излегување од ЕУ.

По објавувањето на резултатите за 633 места од вкупно 650 колку што брои парламентот, според кои партијата на Меј освоила 308, веќе не е можно да се освојат неопходните 326 седишта за мнозинство. ББЦ предвидува дека Конзервативците ќе имаат 318 пратеници, додека опозициската Лабуристичка партија ќе има 267 места, додека Скај њус прогнозира меѓу 315 и 325 пратеници за партијата на Меј.