Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По веста која принцот Хари и неговата сопруга, војвотката Меган Маркл, ја известија јавноста дека се повлекуваат од кралските функции и нивната улога во кралското семејство, британските весници акцент ставија на реакцијата на кралицата за ненадејното соопштение од парот.
Одлуката на принцот Хари и Меган да се дистанцираат од кралското семејство денеска беше на секоја британска насловна страница, а многумина прашуваа зошто кралицата не била консултирана за соопштението.
Сан го даде твитер-хаштагот на денот со „Мегзит“ и рече дека кралицата е вознемирена, но принцовите Чарлс и Вилијам „вријат од бес“.
Tomorrow’s front page: Queen ‘deeply upset’ at Harry and Meghan’s Royal exit sparking ‘civil war’ – with Charles and Wills ‘incadescent with rage’ https://t.co/xo6t5qdpsO pic.twitter.com/ZYEfjlEmwN
— The Sun (@TheSun) January 8, 2020
Насловната страница на Дејли мејл во стил на постер зборува за „бесот на кралицата“, за кој ќе откријат во нивното специјално издание за „кралската бомба“.
Thursday’s @DailyMailUK #MailFrontPages pic.twitter.com/YyP5xiRjCG
— Daily Mail U.K. (@DailyMailUK) January 8, 2020
Мирор едноставно вели: „Не ѝ кажале ни на кралицата“. Се цитира извор што рекол: „Тие покажуваат целосно непочитување кон институцијата“.
Tomorrow’s front page: They didn’t even tell the Queen #tomorrowspaperstoday https://t.co/FfxLtFlgcO pic.twitter.com/mGWRZBx4gi
— Daily Mirror (@DailyMirror) January 8, 2020
Гардијан објави дека парот ќе се повлече од своите кралски должности и ги истакнува нивните планови да станат финансиски независни.
Guardian front page, Thursday 9 January 2020: Harry and Meghan to ‘step back as senior royals’ pic.twitter.com/B2BM4Q4Y3z
— The Guardian (@guardian) January 8, 2020
Телеграф вели: „Хари и Меган дадоа отказ во Фирмата“, покрај огромна слика од парот. Има и цртеж со работник во „Пица експрес“ што држи знак: „Вработуваме бивши војводи и војвотки“.
Tomorrow’s @Telegraph front page:
“Harry and Meghan quit the firm”#TomorrowsPapersToday pic.twitter.com/W7q5Hh0Jdy
— The Telegraph (@Telegraph) January 8, 2020
Тајмс укажува на кавгите во кралското семејство: „Хари и Меган се откажаа во екот на раздор во кралското семејство“. Во статијата се вели дека дознале дека кралицата е многу разочарана.
TIMES: Harry and Meghan quit roles amid Palace split #TomorrowsPapersToday pic.twitter.com/e3W4P3KSBS
— Neil Henderson (@hendopolis) January 8, 2020
Дејли Експрес оди со насловот: „Пораз за кралицата додека Хари и Меган се повлекуваат од кралскиот живот“ на својата насловна страница. Во статијата се вели и дека се разочарани и дворските придружници, а нашле место и за сликичка од кралицата на која изгледа несреќно.
EXPRESS: Queen’s dismay as Harry and Meghan step back from Royal Life #TomorrowsPapersToday pic.twitter.com/1z5YiY7NG4
— Neil Henderson (@hendopolis) January 8, 2020
Ај Њуспејпер се осврнува само на Хари, со наслов: „Принцот се повлекува“. Во текстот се вели дека кралското семејство е соочено со најбурниот период од абдикацијата во 1936 година.
Thursday’s front page: Prince quits – Harry and Meghan resign from royal duties in search for privacy #tomorrowspaperstoday pic.twitter.com/74rp6vBDRJ
— i newspaper (@theipaper) January 8, 2020
И, со почесно место на листата, вели Гардијан, е Њујорк пост, кој ја поддржува идејата за Мегзит со привлечна визија за тоа каков може да биде „обичниот“ живот за двојката.
Tomorrow’s cover: What’s next for Prince Harry and Meghan Markle after royal family exit https://t.co/HFKsfoFVMM pic.twitter.com/1YmBaPN2g1
— New York Post (@nypost) January 9, 2020