Меѓународен џудо турнир во Прилеп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во организација на џудо клубот „Сеишин“ и оваа година во Прилеп ќе се одржи 11-ти по ред меѓународниот џудо турнир „Прилеп – Град Херој“.

Турнирот се одржува во чест на Денот на народното востание „11 Октомври“, со поддршка на Општина Прилеп.

Прилепскиот клуб „Сеишин“ како еден од најмасовните клубови во државата, заедно со Општина Прилеп, ја имаат најголемата заслуга за организирањето на еден ваков реномиран меѓународен натпревар, кој придонесува за развој на џудото во нашата држава.

Турнирот ќе се одржи на 6-ти октомври во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, а пријавувањето е во тек.