Meѓународен боксерски спектакл во Прилеп!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 22.06.2019 година во 19:30 часот на Градскиот базен “Маркови Кули – Прилеп ќе се организира професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.

Од нашата држава во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски со скор 1-1-0 против боксерот Енсар Осман од Бугарија.

Се очекува ова биде боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп во летната бавча на кафе барот Оникс.

Боксери ќе има од Македонија ,Србија , Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби , сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот во светската ранг листа . Публиката ќе може да ужива во оваа најплеменита вештина .

Доколку има временски неприлики ревијата е планирано да се одржи во спортската сала на комплексот ” Маркови Кули” – Прилеп.