Home Спорт Меѓу принципите и милионите – ги бира принципите: Ирвинг нема да се вакцинира против Ковид-19 свесен за последиците

Меѓу принципите и милионите – ги бира принципите: Ирвинг нема да се вакцинира против Ковид-19 свесен за последиците

Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг кажа дека е свесен какви последици може да доживее поради одлуката да не прими вакцина против ковид-19.

Според одлуката на градските власти во Њујорк, не е дозволен влез во сали за невакцинирани лица и немаат намера да прават исклучок за спортистите.

Поради оваа одлука, Ирвинг нема да може да настапува на домашните натпревари на Бруклин и со тоа се очекува да загуби околу 15 милиони долари, бидејќи НБА лигата и Унијата на кошаркари се договорија невакцинираните кошаркари да не бидат платени за натпреварите кои ќе ги пропуштат.

„Грешат ако ме претставуваат како херој или негативен лик, тоа не беше моја намера. Станува збор за избор кој е најдобар за вас. Мислите ли дека сакам да изгубам пари, да се откажам од сонот да ја освојам лигата? Не треба да се делиме, туку треба да се почитува изборот“, вели Ирвинг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…