Меѓу куферите од патниците на железничка во Кина на регндген снимка најдоа дете


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На железничките станици во Кина, слично како на аеродромите, патните торби од патниците се проверуваат со рендген снимка. Токму оваа проверка беше клучна еден татко да си го најде детето кое моментално му го снема на железничката станица.

Малиот палавко дошол на железничката станица во градот Џоншан со татка си. Кај нив, како и на аеродромите, багажот мора да се стави на лента и да помине низ рендген. Таткото на момчето прв дошол на ред бидејќи носел куфер.

Тој очекувал дека детето ќе го следи, но, по сè изгледа, не знаел каков палавко е син му. Само што се свртел, го снемало детето и целото обезбедување на станицата почнало да го бара. Малиот се појавил на екранот од рендгенската проверка на патниот багаж.