Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Саудискиот принц Мохамед Бин Салман го претстави развојниот мегапроект од 500 милијарди евра, кој се однесува на гигантска економска зона, трипати поголема од Кипар.
„Новата економска зона ќе се наоѓа во северозападниот дел на Саудиска Арабија, на Црвеното Море, а некои делови ќе граничат со Јордан и Египет“, соопшти саудискиот Фонд за јавни инвестиции.
Принцот посочи дека во наредните години за ова ќе бидат инвестирани повеќе од 500 милијарди долари.
„Со поддршка на странски инвеститори, економската зона ќе има сектори за енергетика, вода, биотехнологија, храна, ИТ, медиуми и забава“, се наведува во соопштението, објавено на маргините на тридневната конференција за инвестиции во Ријад.
Саудиска Арабија е најголем светски извозник на нафта, но поради драстичниот пад на нејзината цена во средината на 2014 година, бележи голем буџетски дефицит.