Мегаломански кадар: Фотографија од 665 милиони пиксели и 15 милиони ѕвезди


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Галаксијата Триаголник (Triangulum), сместена во истоимената констелација, која се води и под името Месиер 33 е еден од најоддалечените вселенски објекти кој, сепак, за нас е видлив со голо око (во вид на заматена дамка кога ќе се загледате во вистинскиот правец на небото).

Вселенскиот телескоп „Хабл“ ја направи најдеталната фотографија на оваа спирална галаксија, оддалечена од нас 3 милиони светлосни години. Според Science Alert, фотографијата е исклучително детална и е составена од 54 снимки споени во една.

Има 665 милиони пиксели и прикажува подрачје на простор од 19 400 светслони години , каде може да се забележат 15 милиони поединечни ѕвезди.

Иако на снимката се гледа само третина од оваа галаксија , која се протега на над 60 000 светлосни години , на неа се гледа средиштето и внатрешната структура на спиралите.

Чисто за споредба, нашата галаксија се протега на околу 100.000 светлосни години.