Мега засилување за Осогово – доаѓа Ацо Стојков


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец, Ацо Стојков кариерата ќе ја продолжи во Осогово.

Икусниот голгетер потпиша со повратникот во второлигашката конкуренција и сигурно ќе биде големо засилување за тимот.

Стојков доаѓа како слободен играч откако не го продолжи договорот со Академија Пандев чиј член беше минатата сезона.

По трите порази на стартот на сезоната, раководството на Осогово донесе играч кој треба да донесе дополнителен квалитет.