Мега-операцијата помеѓу Милан и Јувентус е пред реализиација


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанските гиганти Милан и Јувентус се пред реализирање на мега-зделката во која се вклучени тројца фудбалери и која ќе предизвика потрес на Апенините.

„Скај Италија“ пренесува дека е постигнат начелен договор помеѓу двете страни според кој Бонучи ќе се врати во Јувентус, а во одбратен правец ќе тргнат Матија Калдара и Гонзало Игуаин.

Имено, двата клуба се договориле за размена помеѓу Бонучи и Калдара, со оглед на фактот дека двајвата фудбалери имаат иста цена (околу 40 милиони евра).

Игуаин пак ќе пристигне во Милан на едногодишна позајмица за која „росонерите“ ќе платат 20 милиони евра, а следното лето ќе треба да доплатат додатни 35 милиони евра за во целост да го откупат неговиот договор.

Милан е спремен да му ја дава истата плата на Игуаин, односно 7,5 милиони евра по сезона, колку што заработува во Јувентус. Братот и агент на напаѓачот, Николас денес треба да пристигне во Италија за да бидат дефинирани последните детали.

Единствен „проблем“ е што интерес за Игуаин покажува и Челзи чие раководство денес ќе има состанок со Јувентус, но „сините“ немаат интенција да му понудат 4-годишен договор на Аргентинецот.