Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, упати обвинување кон македонските политичари за обид за градење идентитет врз основа на комунистички фалсификати, а не врз историски вистини.
Прашан за реакциите во Скопје по отворањето на културниот клуб, кој го носи името на Ванчо Михајлов, Радев утринава одговори дека кога веќе се зборува за фашизам, треба да се нагласи улогата на Михајлов – тој му се спротивставил на Хитлер да ја вовлече Македонија во, како што рече, братоубиствена војна со Бугарија.
„Не Иван Михајлов, туку други луѓе, во југословенската диктатура во Македонија, убиваа и протеруваа десетици илјади во концентрациони логори, само зашто решија да продолжат да се нарекуваат Бугари, а не Македонци. Ете тоа е вистински фашизам“, рече Радев.
По ваквата изјава на Радев, денеска следуваа остри реакции од македонскиот државен врв.
„На територијата на Македонија никогаш немало концлогори, ниту тогаш, ниту денес. Бројката од десет илјади наводно убиени е лага, практично гола конструкција за политички цели“, рече Пендаровски.
„Се работи за личност којашто била соработник и на Хитлерова Германија и на Мусолинова Италија и на Павелиќ и која со тоа воопшто не може да придонесе како личност што може да биде мост за иднината, за пријателство меѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата“, рече Ковачевски.
Според премиерот Ковачевски, настанот од саботата е провокација, а Владата идната недела ќе реши какви чекори би презела за регистрацијата на клубот со името на Ванчо Михајлов.