Медиумска ергела од Денвер Нагетс отиде на една недела во Србија – буреци, пива, кафани – такво нешто не виделе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поголема екипа составена од медиумски претставници на Денвер Нагетс отидоа на 7-дневна посета на Сомбор и Белград. Импресиите? Велат дека би го повторила ова патување уште 100 пати. Се одјавија со зборовите „life changing experience“.

Новинарите дојдоа со техничка екипа, а целата седумдневна посета во Србија ја имаат документирано до детаљи. Посетуваат многу места, како на пример салата каде што почнал Јокиќ и црквата каде што се оженил.

Се среќаваат со многу луѓе, меѓу кои и со неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ и се долеваа со ракија, Јелен и Никшиќко пиво.

Во целата авантура ги води човек од Србија. Одат на две телевизиски гостувања, на фудбалски меч на Црвена Звезда во ЛШ, како и на кошаркарскиот квалификациски меч за Светско меѓу Србија и Грција, каде ќе се видат со Никола.

Му ја имаат снимено и лудата тројка во дуел со Јанис.

Момците се воодушевени од гостопримството и храната. Пробуваат еден куп ствари, меѓу кои се разбира, ракија и бурек и очекувано еден од нив се жали дека е поправен.