Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред десет дена славната пејачка Адел со солзи во очите објави дека мора да ги откаже сите концерти поради пандемијата на коронавирус. Но, медиумите сега пренесуваат наводни информации дека причината за неодржувањето концерти не е пандемијата на Ковид-19, туку нејзиното момче Рич Пол.
Имено, Адел требаше да настапи во Лас Вегас од јануари до април и многу фанови веќе купиле билети. Првиот во серијата концерти таа го откажа ден пред настапот. Мирор пишува дека Адел ја откажала серијата концерти поради љубовна драма со спортскиот агент Рич Пол.
Извори од американски медиуми тврдат дека Адел плачела за време на пробите и ги прекинувала за да може да телефонира со Пол.
„Адел плачеше и не можеше да заврши ниту една проба. Постојано беше на линија со Пол. Викаше и силно плачеше. Едвај вежбаше бидејќи имаше слом“, тврди изворот.
Веднаш по откажувањето на концертот, папараците ја снимиле пејачката како се качува во авион за Лос Анџелес, каде живее нејзиното момче.
Да потсетиме, Адел го обвини ковид за откажувањето на концертите.
„Многу ми е жал, но шоуто не е подготвено. Половина од мојот тим има ковид и беше невозможно да завршиме се` што сакавме. А доцнењето на испораката дополнително ми ги уништи сите планови“, рече пејачката во видеото објавено на нејзиниот Инстаграм.
„Бев будна 30 часа обидувајќи се да ја спасам продукцијата, но се покажа невозможно. Исцрпена сум и длабоко им се извинувам на обожавателите кои веќе пристигнаа во Лас Вегас за концертот. Извинете, многу сум вознемирена и навистина ми е срам. Ќе ги поместиме сите датуми, веќе работиме на тоа“, додаде пејачката.