Медиумите ги распачија Италијанците: „Сите заминувајте“, „Смрт во Милано“, „Апокалипса“…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нема многу нации кои еуфорични ја следат фудбалската репрезентација како Италијанците. Тамошните медиуми ги испратија „аѕурите“ на мечот против Шведска полни со поддршка и вера дека ќе се пласираат на Мундијалот.

Сепак, Шведска успеа да се одбрани на легендарниот „Сан Сиро“, ја зачува предноста од првиот натпревар и се пласира на Светското првенство каде Италија нема да биде прв пат после 60 години.

Италијанските репрезентативци во неверување и солзи веднаш попаднаа на тревникот, а медиумите со кратки и јасни наслови го испратија дебаклот на репрезентацијата.

Најбрутален беше „Кориере дело Спорт“ кој излезе со голем наслов: „Сите заминувајте“.

„Крај“, стои на насловната страна на „Газета дело Спорт“, додека на третата страна стои насловот „Апокалипса“.

Весниот „Либеро“ на својата насловна страна го стави Вентура со наслов: „Смарт на Сан Сиро“.