Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По барање на aдвокатот Никола Додoвски, судијката ги отстрани новинарите додека се чита дописот од Министерството за внатрешнир работи до СЈО, иако според специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска тоа не е класифициран документ и нема потреба да се отстрани јавноста.
Судијката се повика на член 347 од ЗКП и сепак одлучи јавноста да не присуствува на читањето. Ова е второ подготвително рочиште, иако судијката на минатото рочиште најави дека ќе биде главно рочиште.
Во предметот Тврдина 2, Специјалното јавно обвинителство ги товари поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и уште шест лица за уништување документацијата поврзана со системите од незаконското прислушување.
На денешното рочиште СЈО треба да го извести судот за одговорот што добило од Управата за безбедност и контраразузнавање на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка.
На подготвителната расправа за судењето за Тврдина 2, која се одржа на 28 ноември минатата година, судијката Лидија Петровска го задолжи СЈО да побара дозвола од органот што ги создал тие податоци да бидат користени во судска постапка, односно да бидат декласифицирани со степен за употреба во судска постапка.
Грујовски и уште шестмина други вработени во УБК се обвинети дека уништиле службени документи на тајната полиција за набавка на опремата за следење на комуникациите. Судот на претходното рочиште го задолжи СЈО да обезбеди дозвола од УБК за да ги користи доказите кои биле доверливи и за добивање потврда кои од податоците можат да бидат јавни, а кои остануваат доверливи.
Вработените во УБК се обвинети дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.